четврток, 27 јули 2017 | Вести денес: 1 ново

Червар: Само да не ни се падне Македонија!

Вечерва во 19 часот ќе бидат одредени групите за ЕП 2018, а Македонија е во вториот шешир и за противник може да го добие домаќинот Хрватска. Поранешниот предводник на „Црвено-жолтите”, Лино Червар, изјави дека не сака Хрватска да ја добие Македонија на денешната ждрепка за Европското првенство

 – Можеме да говориме за тоа како би било добро да ги одбегнеме селекциите од Скандинавија, оваа или онаа репрезентација…Сите противници се силни. Наша цел е да стигнеме до златото, па порано или подоцна ќе треба да ги победиме сите. Имам само една желба, да не ми се падне мојата Македонија, изјавил Червар за хрватските медиуми.
Top