понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

За среќа е потребна магичната формула 5-3-1?

Психологот Шилаг Миргејн од Универзитетот во Висконсин формула за среќата. Според него, за да бидеме посреќни треба да ја примениме магичната формула 5-3-1, вели Миргејн. Во продолжение прочитајте за што станува збор.

  5 минути за медитација

Она што е најважно е секој ден да одвоите по 5 минути за медитација. И пред да помислите дека ќе ви бидат потребни години за да научите како да медитирате, знајте дека тоа е прилично едноставно – доволно е само да се фокусирате на дишењето. Кога ќе забележите дека мислите ви одлутале, повторно вратете се на дишењето и така со пракса ќе дојдете до цели 5 минути кои ќе му помогнат на мозокот да закрепне и на телото да се избори со стресот. Оној кој практикува 20 минути медитација дневно, веќе после еден месец ќе ги почувствува бенефициите, бидејќи се создава повеќе сива материја во префронталниот кортекс, дел од мозокот кој е задолжен за внимание, управување со емоции и одлучување, вели Миргејн.

3 позитивни работи

За оваа вежба е потребно уште малку време. Она што треба да го направите е да се фокусирате на три позитивни работи кои ви се случиле во текот на денот. Веќе после една недела практикување на овој метод луѓето биле два отсто посреќни, после еден месец 5 отсто, а после половина година биле за 9 отсто посреќни, вели Миргејн која нагласува дека мора да го тренираме мозокот повеќе да се фокусира на позитивните работи отколку на негативните, што му доаѓа поприродно.

1 добро дело

Направете едно добро дело, бидејќи кога ќе направиме нешто добро, се чувствуваме посреќно. И не само тоа, туку тогаш на луѓето сме им посимпатични, што има дополнително позитивно влијание врз нашиот живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top