сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 69 ново

Ел Чапо ќе го тужи „Нетфликс“ поради серијата за неговиот живот

Мексиканскиот наркобос Хоакин Гузман познат како Ел Чапо најави дека ќe ги тужи компаниите „нетфликс“ и „Унивижн“ поради ТВ-серијата за неговиот живот, изјави еден од неговите адвокати.

Серијата „Ел Чапо“ што премиерно почна да се прикажува во април годиднава, го претставува Гузман како бескрупулозен криминалец, вели адвокатот Хосе Рефухио Родригез, додавајќи дека тоа му наштетило на имиџот на Ел Чапо уште пред да биде донесена конечна судска одлука.

– Во серијата се случуваат работи што не соодветствуваат на реалноста, а покрај тоа нема факти што ги поткрепуваат овие настани. Тоа претставува сериозно кршење на правата на Гузман да биде третиран како невин сѐ додека не биде докажано спротивното – рече адвокатот.

Серијата за животот на Ел Чапо во која главната улога ја игра мекиканскиот актер Марко де ла О продолжи да се емитува.

Top