сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 80 ново

Види музика слушни слика, добиј книга: Вечерва „Пинк флојд“ во изведба на Македонската филхармонија

Најновото издание на манифестацијата „Види музика, слушни слика, добиј книга“ вечерва ќе го наполни Градскиот парк во Скопје. Годинава Македонската филхармонија ќе изведе композиции од „Пинк флојд“, а со оркестарот диригира Џијан Емин. Главен вокал и гитара ќе биде Ади Имери, а бендот е составен од: Александар Поп Христов, гитара, Иван Бејков, електричен бас, Александар Пујовски, гитара, Мартин Вучиќ, тапани, Благоја Перуновски, клавијатури, Маријана Николовска, пијано и Владимир Поп Христов, Сара Николовска и Ана Костадиновска, се придружни вокали.

Во текот на концертот, на големи платна ќе сликаат уметниците Јулијана Гешовска и Илија Спасовски-Чендо, а посетителите ќе добијат бесплатен примерок од книгата „За одењето по мраз“ од Вернер Херцог.
Концертот ќе одбележи исклучителна сезона на Македонската филхармонија, исполнета со врвни концерти и конечното отворање на салата.

Top