среда, 20 септември 2017 | Вести денес: 5 ново

Ос­ло­бо­де­те го домот од ло­ши­те ми­ри­си во куј­на­та

Ви ну­ди­ме не­кол­ку на­чи­ни ка­ко да ги от­стра­ни­те ми­ри­си­те од куј­на­та што оста­ну­ва­ат по при­го­тву­ва­ње­то вку­сен ру­чек.

Ка­фе­то пра­ви чу­да

Во фри­жи­дер, за­мрз­ну­вач или на ра­бот­на­та ма­са ста­ве­те сад со све­жо ме­ле­но ка­фе и ќе ги не­у­тра­ли­зи­ра не­при­јат­ни­те ми­ри­си. Ако пи­е­те тур­ско ка­фе, по сла­тки­от ру­чек, сва­ре­те си ка­фе – ем ќе ги не­у­тра­ли­зи­ра­те ми­ри­си­те во куј­на­та ем ќе се от­пу­шти­те со ка­фе­то.

И јаг­ле­нот е ре­ше­ние

По­ра­ди хе­ми­ски­те својс­тва јаг­ле­нот мо­же да се ко­ри­сти за впи­ва­ње на ми­ри­си­те. На­ба­ве­те при­ро­ден јаг­лен без ади­ти­ви и мо­же­те да го ко­ри­сти­те  во фри­жи­де­рот или за впи­ва­ње на ми­рис на вла­га. Пар­че јаг­лен ста­ве­те во чо­рап и ста­ве­те те го не­ка­де да­ле­ку од очи­те. Ќе си ја за­вр­ши ра­бо­та­та.

Со­да­би­кар­бо­на ка­ко осве­жу­вач на воз­ду­хот

Се­моќ­на­та со­да­би­кар­бо­на дејс­тву­ва ка­ко ме­ле­но­то ка­фе. Ста­ве­те ја во сад на ра­бот­на­та ма­са во куј­на­та и ќе ги впие ми­ри­си­те. А ако зо­ври­е­те со­да­би­кар­бо­на со во­да, ќе до­би­е­те еко­ло­шки осве­жу­вач на воз­ду­хот.

Чи­сте­те зад се­бе

Ка­ко што ќе упо­тре­би­те не­кој сад, зап­лак­не­те го. Не доз­во­лу­вај­те да ви се на­тру­па­ат не­ми­е­ни са­до­ви до­де­ка го­тви­те. Во­да­та ќе ги из­мие пар­чи­ња­та хра­на, а со тоа ќе се на­ма­ли и ми­ри­сот што се ши­ри од не­ми­е­ни­те са­до­ви. Ако има­те ма­ши­на за ми­е­ње са­до­ви, пред да поч­не­те да го­тви­те, ис­праз­не­те ја ако во неа има­ло чи­сти са­до­ви. Под­го­тве­те ја да ја пол­ни­те ка­ко што ќе за­вр­шу­ва­те да ко­ри­сти­те не­кој сад. Та­ка, на кра­јот ќе до­би­е­те чи­ста куј­на, пол­на ма­ши­на и по­мал­ку ми­ри­си од кои ќе тре­ба до­пол­ни­тел­но да се ос­ло­бо­ду­ва­те. Ру­че­кот во рер­на, ма­ши­на­та вклу­че­на.

Ис­пе­ре­те ги кр­пи­те

Кр­пи­те, за­ве­си­те и дру­ги­те тка­е­ни­ни во до­мот има­ат моќ да впи­ва­ат ми­ри­си. За­тоа, отка­ко ќе за­вр­ши­те со го­тве­ње и ќе иско­ри­сти­те не­кој од ма­гич­ни­те на­чи­ни за от­стра­ну­ва­ње ми­ри­си, ис­пе­ре­те ги пер­ни­чи­ња­та, за­ве­си­те, кр­пи­те. Ем ќе се ос­ло­бо­дат од ми­ри­си­те ем ќе го ра­ши­рат све­жи­от ми­рис од омек­ну­ва­чот.

Лу­кот и кро­ми­дот по­бе­де­те ги со ци­мет и со чо­ко­ла­да

Ако не мо­же­те да го от­стра­ни­те ми­ри­сот од кро­мид, ме­со или од лук, над­му­дре­те го. Ис­пе­че­те чо­ко­лад­ни ко­ла­чи. Исто та­ка, мо­же­те да ста­ви­те не­кол­ку стап­чи­ња ци­мет во во­да и да ги ври­е­те око­лу по­ло­ви­на час. Нив­ни­от при­ја­тен ми­рис ќе ја ис­пол­ни куј­на­та.

Ли­мон или оцет, ла­вров лист, ва­ни­ла

Ли­мо­нот ва­ре­те го исто ка­ко и ци­ме­тот. Исеч­ка­на ко­ра од ли­мон или ко­ра од дру­ги ци­тру­си, ла­вров лист, ва­ни­ла, руз­ма­рин и дру­ги бил­ки мо­жат да на­пра­ват чу­да во бор­ба­та со ми­ри­си­те.

 

Пред и по го­тве­ње­то ко­ри­сте­те ја­бол­ков или ал­ко­хо­лен оцет. По­ста­ве­те са­до­ви со оцет на не­кол­ку ме­ста во куј­на­та и пре­пу­ште­те му се на го­тве­ње­то. Оста­ве­те го оце­тот на стра­те­ги­ски ме­ста не­кол­ку ча­са отка­ко ќе за­вр­ши­те со го­тве­ње.

Top