недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 22 ново

Мајка Јамајка, Дримон Лајнака

Ро­ден на: 27 октом­ври 1973 го­ди­на во Стру­ми­ца

Обра­зо­ва­ние: Оп­шта и ком­па­ра­тив­на кни­жев­ност на Фи­ло­ло­шки­от фа­кул­тет „Бла­же Ко­не­ски“ во Скоп­је

 

Ко­ја ре­ка те­че под Сав­ски мост? Ова трик-пра­ша­ње со го­ди­ни си го по­ста­ву­ва­ат ос­нов­ци­те во ле­кси­ко­ни­те што ги по­пол­ну­ва­ат во те­кот на лет­ни­от рас­пуст. Си­гур­но на не­го од­го­во­рил и ми­ни­сте­рот со су­ка­ни­ци­те. По­греш­но.

Ми­ни­сте­рот со су­ка­ни­ци­те, рас­та-ми­ни­сте­рот, нај­кул­тур­ни­от во др­жа­ва­та, пи­са­те­лот, по­е­тот, кни­жев­ни­кот ко­му пер­о­то и збо­рот не му се нај­сил­но­то оруж­је. Со рас­та-со­ро­со­и­дот Са­ра­чи­ни ги вр­зу­ва­ла мај­ка Ја­мај­ка, со Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра го вр­зу­ва ша­ре­на­та фа­са­да, а ни­кој не знае со што ги вр­за ша­ре­ни­те во сво­јот ка­би­нет. До­бра еки­па бев­ме на ули­ца, па од ули­ца на функ­ци­ја. Дру­га­ри­те ќе му би­ле со­вет­ни­ци. Ба­рем та­ка ќе ни изг­ле­да до­де­ка не до­ка­же де­ка не би­ло та­ка.

Збор­лест и отво­рен, рас­та-ми­ни­сте­рот ве­ти де­ка ни­ту еден про­ект не­ма да со­пре, ни­ту да тр­пи оп­струк­ции, но за­тоа ќе ја на­у­чи пуб­ли­ка­та ка­ко да ја вос­при­е­ма кул­ту­ра­та: учес­тво на пуб­ли­ка, раз­вој на пуб­ли­ка, еду­ка­ци­ја на пуб­ли­ка, пре­ку про­е­кти што се слу­чу­ва­ат над­вор од тес­ни­от цен­тар да им овоз­мо­жи на што по­го­лем број гра­ѓа­ни да иску­сат и да се еду­ци­ра­ат за кул­ту­ра. Тој кон­цепт тој го на­ре­ку­ва „кул­тур­на де­мо­кра­ти­ја за доб­ли­жу­ва­ње на кул­ту­ра­та до се­кој гра­ѓа­нин“.

За раз­ли­ка од де­стру­ктив­ни­те, си­те под ра­ко­водс­тво на За­ев, рас­та-ми­ни­сте­рот, во ду­хот на „мир, бра­те, мир“, ни­што не­ма да ури­ва и, глав­но, има по­зи­тив­но мис­ле­ње за сра­бо­те­но­то пред не­го. За не­го умет­но­ста е ши­ро­ка и ша­ре­на – фа­са­да­та на Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра е спо­ме­ник, но не на кул­ту­ра­та, ту­ку на ша­ре­на­та про­ме­на­да, а за ва­ро­су­ва­ње би­ле кан­це­ла­ри­и­те. За дру­га­ри­те са­мо бе­ли ѕи­до­ви, нај­а­ви. Се­ка­ко, ка­ко што си е ре­дот, де­ба­та, де­ба­та, па ако дој­де ред и ре­фор­ма.

Тоа што не му пој­де на ра­ка на рас­та-ми­ни­сте­рот се ге­о­гра­фи­ја­та и би­о­гра­фи­ја­та. Са­кај­ќи да се по­фа­лил де­ка на­у­чил ка­ко се вла­дее, де­ка вла­ста се отво­ра кон на­ро­дот со спо­де­лу­ва­ње, со кон­такт, со при­сус­тво ме­ѓу на­ро­дот, а не со отво­ре­ни вра­ти и про­зор­ци, Ала­ѓо­зов­ски на­пра­ви ге­о­граф­ска па­паз­ја­ни­ја.

Воз­бу­ден од го­ле­ма­та чест што му се ука­жу­ва од функ­ци­ја­та што ја из­вр­шу­ва, да го отво­ри те­а­тар­ски­от фе­сти­вал „Вој­дан Чер­но­дрин­ски“, Ала­ѓо­зов­ски над фо­то­гра­фи­ја од па­тот кон При­леп на­пи­шал: „При­стиг­ну­ва­ме во При­леп. Гра­дот-хе­рој, гра­дот на Це­пен­ков, на Чер­но­дрин­ски….“.  Не, не, во­оп­што не е ма­ли­ци­оз­но да му се за­бе­ле­жи, иа­ко ни е јас­но што са­кал да на­пи­ше. Што и да са­кал да на­пи­ше, по­гре­шил, за­што, пред сѐ, е пи­са­тел, кни­жев­ник, по­ет, а збо­рот и чи­ста­та мис­ла тре­ба да му би­дат нај­сил­но­то оруж­је. Па, ба­рем пи­са­те­ли­те жи­ве­ат хра­неј­ќи се со сил­ни емо­ции. Од сил­ни­те емо­ции се ра­ѓа­ат ре­мек-де­ла, за­тоа воз­бу­да­та за „Чер­но­дрин­ски“ тре­ба­ло да  би­де од нук­ла­ер­ни раз­ме­ри за да го из­бе­зу­ми кни­жев­ни­кот. И на­вод­ни­ци ќе под­за­вр­ше­ле ра­бо­та, но ете, ни­ту нив не ги на­пи­шал.
Ста­вај­ќи го Чер­но­дрин­ски во кон­текст на Це­пен­ков, алу­ди­ра на нив­но­то по­тек­ло. Јас­но ни е де­ка Стру­га и Стру­ми­ца се два ди­ја­лект­ни све­та, но чо­век што из­ле­гол од Фи­ло­ло­шки, ед­но­став­но, не­ма со што да се од­бра­ни. Зна­е­ње­то е си­ла, зна­е­ње­то е моќ, а Боб Мар­ли Ала­ѓо­зов­ски е гол.

За вол­ја на ви­сти­на­та, со­би­ра­чот на на­род­ни умо­твор­би Мар­ко Це­пен­ков, на­ви­сти­на, по­тек­ну­ва од При­леп, но во жи­во­то­пи­сот на те­а­тар­ски­от ре­жи­сер и пи­са­тел Вој­дан Чер­но­дрин­ски ка­ко род­но ме­сто е за­пи­ша­но стру­шко Сел­ци.

Ај што по­гре­ши и се изб­ла­ми­ра, мно­гу ги на­лу­ти и стру­жа­ни, кои му за­бе­ле­жи­ја што на при­леп­ска Лај­нар­ка ѝ дал зна­че­ње ка­ко да е Дрим. Што не му из­на­ка­жаа по со­ци­јал­ни­те мре­жи. Тие по­кул­тур­ни­те, по­кул­тур­но му по­ра­чаа да чит­не „Ви­ки­пе­ди­ја“, а пра­те­ни­кот Ан­то­нио Ми­ло­шо­ски му ор­га­ни­зи­ра и квиз, за по­лес­но да ја утвр­ди ма­те­ри­ја­та.

Епа, рас­та-ми­ни­стре, под Сав­ски мост те­че ре­ка­та Са­ва, а Вој­дан е Чер­но­дрин­ски, за­што Цр­ни Дрим те­че низ не­го­ва­та род­на Стру­га.

Top