понеделник, 26 јуни 2017 | Вести денес: 82 ново

Лондонската полиција: „Нападот е со сите карактеристики на тероризам“

Сите жртви од нападот што се случи крај џамијата во лондонската населба Фајнсбури Парк се муслимани, изјави претставникот на противтерористичката единица на лондонската полиција Нил Басу.
– Инцидентот ги има сите карактеристики на терористички акт, нагласи Басу.
– Се уште не е познато дали смртниот случај покрај џамијата е последица од нападот со комбито и кои се мотивите за нападот, додаде тој.
Синоќа, по полноќ маж со комби влета во група верници кога излегувале од џамијата, при што едно лице загина а десетмина се повредени.
Напаѓачот (48) е упасен од страна на лондонската полиција. Дарен Озборн од Кардиф е осомничен за терористички напад на муслиманските верници кои излегувале по молитва од џамијата во Финсбери парк во Лондон.
Откако напаѓачот удрил со комбе неколку луѓе пред џамијата, граѓаните го задржале и го предале на полицијата.

Top