сабота, 21 октомври 2017 | Вести денес: 91 ново

Намалете 5 килограми масти за една недела со банана

Бананите се богати со скроб кој има низок гликемиски индекс, што значи дека подолго се вари и остава чувство на ситост подолго време, истовремено делумно блокирајќи ја апсорпцијата на јаглехидрати.
Оваа диета која подразбира започнување на денот со банана и чаша топла вода е позната како „утринска банана“ и е многу едноставна.

Таа влијае на слабеењето бидејќи бананите всушност го стимулираат варењето и го забрзуваат метаболизмот. Бананите се богати со скроб кој има низок гликемиски индекс, што значи дека подолго се вари и остава чувство на ситост подолго време, истовремено делумно блокирајќи ја апсорпцијата на јаглехидрати.

Луѓето кои сакаат да ја испробаат оваа диета би требало да избегнуваат вечера после 20 часот и да избегнуваат десерт после вечерата.

Од намирници не смеете да конзумирате само млечни производи и алкохол, а другиот услов е бананите да бидат свежи, а не печени или замрзнати.

Значи, нормалното дневно мени треба да го содржи следното:

Појадок

  • Една или повеќе банани (додека не се почувствувате сито)
  • Една чаша топла вода

Ручек

  • Оброк по ваш избор и свежа салата
  • Слатки и десерти се дозволени до 15 часот ако се чувствувате гладно

Вечера

  • Оброк кој содржи многу зеленчук
  • Прескокнете го десертот

Доколку се придржувате до правилата, нутриционистите тврдат дека во рок од една недела ќе симнете и до 5 килограми.

Top