понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 90 ново

Му купила сладолед, а потоа со детето завршиле по лекари- искуство на една мајка

Родители, внимание! Кога ќе купувате сладолед на децата , прво добро информирајте се за „индикациите и мерките за внимание“ за да не минувате низ она што вчера и се случи на една мајка од Сараево.
Мајка на седумгодишно момче во два наврати забележала дека столицата на синот е црна. Знаејќи дека тоа е еден од симптомите на внатрешно крварење, веднаш заминале на доктор, кој што го пратил детето на итна анализа.
Лабораториската анализа на крв и урина била уредна, па докторот прашал дали детето е на некаква терапија со лекови, некакви препарати, што јадело и слично. Но, ништо од тоа што било наведено не би можело да даде такви промени, па детето било упатено на Педијатриската клиника, раскажува мајката за босанските весници.
-Долго размислував и анализирав што се јадеше и пиеше детето и тогаш се сетив. Темен сладолед. На интернет најдов текст каде е опишано дека темниот сладолед со црна боја карактеристична заради големиот процент на какао помешана со природната боја на растителниот јаглен, остава црна боја на јазикот. Заради интензивниот пигмент, влијае и на бојата на столицата. Камен ми падна од серце- раскажува мајката која сакала да го сподели искуството со другите родители, за да не се најдат во ситуација како нејзината.
Производителите на овој сладолед велат дека бојата е безопасна, а тоа го потврдуваат и лекарите, кои додаваат дека медицинскиот јаглен се користи како стомачен детоксикатор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top