понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 90 ново

Скриената порака зад розевиот фустан на Кејт

Кејт Мидлтон буквално ги засени сите на официјалното појавување на манифестацијата „Trooping the Colour parade“ како дел од прославата на 91­ от роденден на кралицата Елизабета. За ова појавување Кејт се одлучи за преубав розев фустан од Александар МекКвин, надополнет со шапка од Џејн Тејлор.

И додека сите беа воодушевени од аутфитот на Кејт, никој не ја виде скриената порака зад фустанот на војвoдката.

Според експертите тоа што таа одбрала да носи фустан од британски дизајнер е оддавање почит на домашните производи, и испраќање порака за подршка на британците во ова политички тешко време за земјата. Второ, розевата боја е стратешки одлично одбрана бидејќи таа презентира порака на нежност и прогресивност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top