среда, 23 август 2017 | Вести денес: 31 ново

Никола Секулов се закити и со Суперкупот на Италија!

Само два дена по триумфот над Интер за италијанска шампионска титула во Серија А и Серија Б регионите, У-15 тимот на Јувентус го освои и Суперкупот со триумфот над Парма која во оваа категорија беше најдобра во Серија Ц регионот.

Ова е посебно важно поради настапот на македонскиот репрезентативец Никола Секулов, кој во победата од 2-1 постигнал еден гол во дресот на Јувентус, за подоцна да биде прогласен и за МВП на ова финале. На овој начин, клубот од Торино е апсолутен италијански првак за играчи до 15 години, а Секулов беше немилосрден против својот поранешен клуб Парма од каде пристигна во редовите на Јувентус.

Top