среда, 23 август 2017 | Вести денес: 33 ново

Македонија за првпат од вториот барабан пред петочната ждрепка за ЕП во Хрватска

Благодарение на вчерашната убедлива победа над Чешка, нашата најдобра ракометна селекција за првпат во историјата на еден ракометен настан ќе учествува како првопласирана селекција во својата квалификациска група.

Овој успех на момците на Раул им носи голем бенефит, бидејќи ќе се најдат во вториот барабан при ждрепката за оваа ЕП во Хрватска. Очекувано носители ќе бидат , домаќинот Хрватска, како и велесилите Германија, Франција и Шпанија. Во нашиот шешир сместени се и селекциите на Данска Шведска и Белорусија, во третиот се наоѓаат Србија, Норвешка, Црна Гора и Чешка, додека последниот четврти барабан го пополнаа Унгарија, Словенија, Австрија и Исланд.

Вториот барабан е предност за нашите момци, бидејќи нема да може да бидат во иста група со Данска и Шведска, но сигурно секој посакува од третиот и четвртиот шешир да ги избегнеме светскиот вицешампион, Норвешка како и Словенија која е предводена од фантастичниот Веселин Вујовиќ. Ждрепката за ЕП во Хрватска ќе се одржи в петок во Загреб.

Top