петок, 23 јуни 2017 | Вести денес: 66 ново

Страшна расправија во македонска кафеана – извадил нож и го пробол

Полициската станица во Прилеп поднесе кривична пријава за 42-годишниот Н.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда. На 19.4.2016 година, пред кафеана во Кривогаштани, почнала вербална расправија меѓу пријавениот и М.Х.. По кратко време, пријавениот од своето патничко возило, кое било паркирано во непосредна близина, извадил нож и му нанел рана на раката на М.Х.. По ова, М.Х. почнал да бега, а пријавениот тргнал по него и му нанел повреди во пределот на грбот и на стомакот.

Top