среда, 23 август 2017 | Вести денес: 31 ново

Антиреформи – главна задача на СДС, кој продолжува да работи на штета на граѓаните

СДС продолжува да работи на штета на граѓаните на Република Македонија – стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ испратено до медиумите.

Тие посочуваат дека откако СДС е на власт, единствено што се реализира се антиреформи. Граѓаните се сведоци само на укинувања, уривања и блокади.

– Последна антиреформа во низата е укинување на дисперзираните студии на дел од високо образовните установи, без притоа да биде слушнат гласот на илјадниците студенти, кои ја користеле и ја користат оваа поволност. Единствената причина поради која е направен ваквиот чекор е заради тоа што дисперзираните студии се мерка која беше воведена од страна на владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ.
СДС укинува една благородна мерка која во изминатите 9 години ја искористија околу 20.000 студенти. Укинува мерка која придонесува и за економско социјален, но и демографски развој на сите останати региони во земјата – велат од партијата.

Тие додаваат дека граѓаните од СДС не очекуваат антиреформи кои се мотивирани единствено од опседнатоста со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

-Таквите антиреформи никому не му носат корист. Граѓаните очекуваат СДС да се погрижи прво да ги оствари ветувањата кои ги има дадено пред македонскиот народ.Граѓаните очекуваат мининална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари, а лекарите очекуваат плати од 100.000 денари како што СДС вети изборната кампања.Граѓаните ги очекуваат и најавените 500 километри автопат и 30.000 денари на крајот на годината од поврат на ДДВ – стои во соопштението.

Top