понеделник, 26 јуни 2017 | Вести денес: 82 ново

Митревски: Наплативме за сите порази од Чешка досега

Никола Митревски го бранеше голот на македонската репрезентација во последната четвртина од дуелот со Чешка, одлично се надоврза на извонредната партија на Борко Ристовски и во целост ја оправда довербата на селекторот Раул Гонзалес. Со неколку сигурни одбрани им застана на пат на чешките ракометари во обид да се спасат од катастрофата, а како круна на мечот постигна и еден погодок на празниот гол на Чешка.

„Наплативме за претходните два големи порази во Чешка. Ова беше едно од нашите најдоминантни изданија, во секој сегмент од играта – напад, одбрана, транзиција…Мислам дека имаме уште сили, ова не е нашиот максимум. Во оваа репрезентација има уште простор за воигрување и верувам дека на Европското првенство во Хрватска ќе се претставиме во уште подобро светло“ – вели Никола Митревски.

Top