вторник, 17 октомври 2017 | Вести денес: 61 ново

„Република“ со прашање до СДС: Каде се меиловите на албански јазик?!

Соопштение Оливер Спасовски во Куманово

Каде се соопштенијата на Социјалдемократскиот сојуз на албански јазик, кои новинарите од албанските медиуми ги добиваа во предизборниот период?! – јавно ги прашуваме социјалдемократите во земјава.

Додека траеше кампањата за последните парламентарни избори тие, со цел придобивка на што повеќе албански гласови, не само што ставија Албанци на листата на кандидати за пратеници, туку преку двојазични соопштенија промовираа национално единство, секако, барем тие така сметаа.

Првото соопштение кое социјалдемократите го испратија на албански јазик

Соопштение од посетата на Швајцарија

Но заврши 11 декември. Изборите поминаа, гласовите на Албанците веќе не им се потребни, па ги нема ниту соопштенијата на албански јазик.

Соопштение од изјавите на Заев

Пред еден месец Заев пред Албанците вети дека се работи за грешка, која ќе биде исправена. Но ништо од тоа. Сè уште медиумите на албански јазик добиваат само соопштенија на македонски.  Аналитичарите велат дека е повеќе од јасно дека социјалдемократите овој гест го направија за да ги добијат албанските гласови. Тие велат дека поради тоа што партијата има албански гласачи, Зоран Заев на албанскиот електорат треба да им се обрати на албански јазик.

Но Заев сега со нова тактика за собирање албански гласови. Овој пат тие му се потребни за локалните избори. Па така, вчера го постави Мухамед Зекири за потпретседател на партијата.

 

Top