петок, 18 август 2017 | Вести денес: 50 ново

Атрактивни гостувања од шест земји на петтото по ред издание на „Битола Шекспир фестивал“

Со атрактивниот музичко-сценски колаж насловен како „Шекспир колаж“ во продукција на Народниот театар од Битола, во среда со почеток во 20 часот, свечено ќе биде отворен петтиот интернационален „Битола Шекспир фестивал“ кој годинава ќе се одржува од 21 јуни до 1 јули. Со оваа културна содржина всушност започнуваат активностите кои ќе се одвиваат во рамките на најдолгото културно лето „Битфест 2017“.

Во 12-те фестивалски денови на „Битола Шекспир фестивал“, предвидени се гостувања на шест реномирани театарски куќи од Бугарија, Русија, Казахстан, Романија, Словачка и САД кои ќе презентираат различни видувања на творештвото на Вилијам Шекспир. Со дела од англискиот драматург ќе се претстават и шест театарски куќи од Република Македонија.

На 23 јуни гостува драмскиот и куклен театар „Иван Радоев“ од Плевен, Бугарија кој ќе ја изведе претставата „Симбелин“ во режија на реномираната бугарска режисерка која негува одлични релации со македонските театарски куќи, Лили Абаџиева. Од гостувањата на странските театарски куќи, на 25 јуни предвидена е и изведбата на монодрамата по мотиви од трагедијата „Хамлет“ на В. Шекспир, како претставата „Сонот на Хамлет“ на Академскиот драмски театар, Владимир од Русија. Претставата е во режија на Линас Мариус Заикаускас, а во неа учествува актерот Александар Аладишев.

За одбележување е и изведбата на претставата Хамлет – стапица во режија на Куандик Касимов, во изведба на Казак Драмски театар од Караганди, Казакхстан.

Top