среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 90 ново

Два месеца по филмскиот грабеж: Тајна е каде се украдените пари од НЛБ Тутунска

По повеќе од два месеца од филмскиот грабеж во НЛБ Тутунска банка во Скопје, од каде што осомничениот вработен Бобан С. (40) среде бел ден успеа да изнесе од банката 2 милиони франци и 270.000 евра, полицијата не открива дали има траг и каде се украдените пари и вели дека тоа, согласно законот е таен податок, пишува „Мкд“.

 Од порталот на 11 мај писмено се обратиле до МВР за одговор дали е најден некаков траг кој може надлежните да ги одведе до украдените пари или дали евентуално се најдени парите. Еден месец по испратеното прашање, од МВР одговриле дека согласно законот, одговорот на прашањето е тајна.

Во врска Вашето барање кое се однесува на кривично правен настан случен во НЛБ Банка а.д. на ден 10.4.2017 година, ве известуваме дека согласно тајност на предистражна постапка чл.289 од Законот за кривична постапка ,односно сите дејствија преземени од страна на полицијата или ЈО се сметаат за тајна,поради што не можеме да ви доставиме дополнителни податоци”, одговориле од МВР.

Top