среда, 16 август 2017 | Вести денес: 76 ново

Билансот на жртвите од пожарот во Лондон достигна до 79

Британската полиција соопшти денеска дека при пожарот што минатата недела го зафати станбениот блок Гринфел Тауер во Лондон загинале или исчезнале 79 лица.

– Денеска, стравувам дека морам да кажам оти се верува дека 79 лица загинале или исчезнале, а за жал морам да претпоставам дека сите се загинати, изјави лондонскиот полициски командант Стјуарт Канди.

Градоначалникот на Лондон Садик Кан изјави синоќа дека пожарот бил предизвикан од „грешка и негрижа“. 

Во опожарената 24-катница живееа 600 лица во 120 станови. 

Top