петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 0 ново

Работнички против Тре Пене од Сан Марино, Пелистер ќе бие битка со Лех Познањ во ЛЕ

Екипата на Работнички во првото квалификациско коло од Лига Европа ќе игра со екипа од Сан Марино, а тоа е Тре Пене.

„Романтичарите“ ја искористија поволноста на носител, па добија противник кој е реално да се пројде. Работнички е домаќин на првиот натпревар на 29 јуни, а реваншите се на 6 јули.

Шкендија, пак, која во ждрепката беше како неносител, во првото квалификациско коло ќе се соочи со Дачиа од Молдавија.

Првиот меч е на госитнски терен, додека реваншот е на домашен терен, поточно на стадионот „Младост“ во Струмица.

Третиот наш преставник во квалификациите за Лигата на Европа, освојувачот на Купот на Македонија, Пелистер, ќе има најтешка задача за пласман во следното коло бидејќи доби реномиран противник од Полска.

Првиот меч Пелистер ќе го игра на гостински терен кај Лех Познањ, додека реваншот е за седум дена во Битола.

Top