петок, 18 август 2017 | Вести денес: 50 ново

Дојде живот – Деполитизација на МВР со назначување на Министерот за партиски потпретседател (видео)

Зоран Заев и СДСМ, во изборниот период насекаде зборуваа за наводна департизација на државата и одвоеност на партијата од државата која требало да се спроведе, за сега Оливер Спасовски во исто врмее да биде и министер во МВР и потпретседател на СДСМ.

„ Професионализација на полицијата, департизација и деполитизација на институциите вредностите од аспект на еднаквостите и рамноправноста на граѓаните се сериозни пораки се сериозни пораки зад кои што сите застануваме “ – рече  Заев во април минатата година пред првиот термин за одржување на парламентарните избори, за сега да видиме дека се било само празни зборови.

Имено Спасовски, до неодамнешен генерален секретар на партијата сега седна на позицијата потпретседател на партијата, за во исто време да ја извршува и функцијата министер за внатрешни работи.

За споредба кога поранешната министерка за внатрешни стана министер, си поднесе оставка на партиската функција генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Но овој пат не е истиот случај со СДСМ, тие кои најмногу зборуваа за наводна партизација сега на дело истата ја спроведуваат.

Top