понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 90 ново

Уште сега може да набавите билети за Европското првенство во Хрватска

Билетите за Европското првенство во Хрватска се во продажба уште од 1 јануари годинава, а нивните цени се движат од 1200 денари за прелиминарен дел во Вараждин до 8000 денари за финалето во Загреб.

Билетите за натпреварите што ќе се играат во Вараждин чинат по 1200 денари и по 2400 денари, за прелиминарната фаза. За еден натпреварувачки ден. Истите цени се и во Пореч, додека Загреб и Сплит се поскапи за околу 800 денари, во најефитната комбинација.

Цените за натпреварите од главната рунда се движат од 1600 до 3200 денари, за полуфиналето се од 3300 до 5800 и за финалето од 4100 до 8000 денари.

Билети за прелиминарната фаза може да купите ТУКА.

Откако ќе се формираат групите, сигурно ќе се формираат и различни понуди. Извесно е дека цените ќе варираат во зависност од заинтересираноста и „пакетите“ што ќе бидат понудени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top