среда, 23 август 2017 | Вести денес: 29 ново

Ова же­шко ле­то ќе се но­сат фу­ста­ни од тан­те­ла

Фу­стан од тан­те­ла е до­бра ин­ве­сти­ци­ја, се но­си во си­те се­зо­ни и се­ко­гаш е по­пу­ла­рен

Ако еден тренд се по­вто­ру­ва ве­ќе не­кол­ку се­зо­ни, тоа, де­фи­ни­тив­но, е тан­те­ла­та, ко­ја са­мо до­би­ва по­го­ле­ма по­пу­лар­ност, без раз­ли­ка да­ли е зи­ма или ле­то. За­тоа фу­ста­нот од тан­те­ла е се­ко­гаш до­бра ин­ве­сти­ци­ја, со не­го се­ко­гаш сте во тренд.

Тан­те­ла­та во об­ли­кот во кој ја поз­на­ва­ме де­нес по­тек­ну­ва од доц­ни­от 15 век и со сво­ја­та еле­гант­ност, пре­фи­не­тост и за­вод­ли­вост ќе би­де ви­стин­ски хит ова ле­то. Мно­гу­број­ни свет­ски ди­зај­не­ри ја вмет­наа во сво­и­те ко­лек­ции, а исто­то тоа ва­жи и за мод­ни­те ку­ќи ка­ко „За­ра“, „Ман­го“, „Х и М“…

Не ја ко­ри­стат си­те иста­та тан­те­ла, ни­ту, пак, бо­ја, но кај си­те тан­те­ла­та е не­за­мен­лив дел од се­зон­ски­те ко­лек­ции. Без раз­ли­ка да­ли се ра­бо­ти за фран­цу­ска тан­те­ла или за не­ко­ја дру­га, важ­но е са­мо да зна­е­те ка­ко да ја ком­би­ни­ра­те и да ја но­си­те.

Тан­те­ла­та тре­ба да изг­ле­да ро­ман­тич­но, но не прем­но­гу ста­рин­ски, сен­зу­ал­но, но не со не­га­тив­ни ко­но­та­ции. И, се раз­би­ра, да би­де вкус­но ком­би­ни­ра­на.

Top