недела, 22 октомври 2017 | Вести денес: 63 ново

Флорентино Перез останува на чело на Реал Мадрид до 2021 година

Актуелниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез ќе остане на чело на „кралкиот клуб“ и во наредните четири години, бидејќи не се пријави ниту еден кандидат како потенцијален ривал на претстојните избори во Реал Мадрид.

Потенцијалните противкандидати имаа рок до вчеравечер на полноќ да се пријават, но тоа никој не го направи и автоматски Перез добива нов четиригодишен мандадт.

70-годишниот Перез е еден од најзаслужните за враќањето на Реал Мадрид на самиот врв на европскиот фудбал. Првпат на функцијата претседател седна во 2000 година, кога го започна проектот „Галактикос“, а го напушти клубот во 2003 година.

Неговото второ враќање на претседателската функција се случи во 2009 година и трае до ден денес. Во овој период успеа да го врати „кралскиот клуб“ на старите позиции, а со последното освојување на Лигата на шампионите, едноставно си го зацементира своето место.

Top