недела, 22 октомври 2017 | Вести денес: 63 ново

Класна во 103. година од животот ги собра учениците на час

Некогашните ученици на Првата белградска гимназија прославиле 45 години од матурата со својата омилена проферсока и класна раководителка Радмила Стошиќ која има точно 103 години. За да ја видат омилената професорка некои дошле од Африка, Канада.

На средбата имало измешани чувства – солзи, насмевки, сеќавања и тага.

– Кога заминував во пензија во далечната 1972 година имав намера да се преселам кај ќерка ми во Франција и мислев дека вас, последната генерација на која бев класен раководител нема никогаш повеќе да ја видам. Родена уште во времето на Првата светска војна, никогаш не се надевав дека ќе проживеам толку долго – изјави Стошиќ, познатата професорка по математика.

 

Top