вторник, 23 јануари 2018 | Вести денес: 118 ново

Сите жртви од нападот покрај џамијата во Лондон се муслимани

Сите жртви од нападот што се случи покрај џамијата во лондонската населба Фајнсбури Парк се муслимани, изјави претставникот на противтерористичката единица на лондонската полиција Нил Басу.

– Инцидентот ги има сите карактеристики на терористички акт – нагласи Басу. – Сè уште не е познато дали смртниот случај покрај џамијата  е последица од нападот со комбито и кои се мотивите за нападот – додаде тој.

Синоќа по полноќ маж со комби влета во група верници кога излегувале од џамијата, при што едно лице загина а десетмина се повредени.

Напаѓачот (48) е упасен од страна на лондонската полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top