среда, 23 август 2017 | Вести денес: 33 ново

Дома имавме едно правило, стануваш, играш тенис, па потоа миеш заби

Новиот тренер на Новак Ѓоковиќ, Андре Агаси во интервју за италијанската телевизија Скај говорел за неговиот однос кон тенисот уште од мал, па се до крајот на неговата професионална кариера.

– Мојот однос кон тенисот беше полн со љубов и омраза. Како дете почнав да се чувствувам лошо бидејќи видов што тенисот му направи на моето семејство. Се чувствува отфлен бидејќи уште од млада возраст морав да го напуштам домот за да успеам во спортот. Тенисот го мразев се додека не преземав контрола над својот живот, изјавил Агаси

Тој признал дека имал голем притисок од неговиот татко за да се бави со тенис.

– Дома имавме едноставме правило, стануваш од спиење, играш тенис, па потоа миеш заби. Буквално по тој редослед. Дури ни училиштето не беше толку важно, се разбира, тенисот беше поважен. Тоа беше опсесија на мојот татко. Тој беше математичар кој тенисот го гледаше како геометрија. Ми врежа во главата дека бавење со било што освен тенис, не доаѓа во предвид, открил Агаси.

Top