понеделник, 26 јуни 2017 | Вести денес: 82 ново

Болестите на демократијата

 

kole-manev-150

Коле Манев

Ги ставив двете торби во кола, пред да излезам од гаражата, размислив дали сум заборавил нешто што ми е неопходно за патувањето. Влегов во возилото, со него излегов од гаражата, ја затворив капијата, по извесно време се приклучив во авто-патот. Не поминав ниту дваесет километри, стомакот почна да ми крчка. Си реков, сепак сум заборавил нешто. Имав испржено лебчиња со јајца, во пластична кутија ставив парче овчо сирење, но мојот појадок сум го заборавил во најлон ќесата, која ја обесив на рачката од штафелајот. Показна табла од авто-патот покажуваше бензиска пумпа на иљјада метри. Тамо ќе застанам, да каснам нешто, било што, некој сендвич, ќе се напијам и капучино, ваквиот оброк ќе ме држи до крајот на патувањето. На бензиската пумпа, зедов сендвич со кашкавал и пршута, зедов и капучино, времето беше сончево, решив појадокот да го земам на терасата од комплексот на бензинската пумпа. Само што изедов половина од сендвичот, на соседната маса седнаа две девојки, едната црнка, другата плавуша придружени од две момчиња, сите на свои дваесетина години. Келнерот им донесе кафиња, црнката го отвори нивниот разговор, велејки: Толку сум среќна што за недела дена ќе бидеме надвор од државава, ова што се случува кај нас станува неподносливо.

Што е неподносливо, запраша едниот од момците?

Се е турли тава, зборуват за живот а спроведуват невиден цинизам, наместо демократија ни нудат болест во политичките процеси. Го видовте Заев како ги прими сите амбасадори од ЕУ, во новата сала од Владата? Извини ама не се знае кој кого прими, дали Заев ги прими амбасадорите или тие го примија него, рече еден од момците.

Разговорот на младите личности ме заинтересира, затоа почнав пополека да го јадам сендвичот, пропратен со капучиното.

Како може тие да го примат, нели се преставува како премиер, зарем не е наш преставник кој треба да ја води државата, а државата е наша, на нас граѓаните, како може амбасадорите да го примат Заев, а не тој нив, запраша плавушата пиејки го кафето.

Драга моја, во времето во кое живееме, се е можно, можно е за едно скопско, за жал можно е и за државата, рече вториот младич и продолжи. Се наредија како да се на тајна вечера, уште да посочија кој е Јуда и кој треба да биде распнат на крст? Не мора личност да сместат на крстот, може тоа да биде државата, историјата, културата или јазикот. Навистина не ми е јасно, што сакат да ни кажат амбасадорите, дека се силни, моќни и влијателни, запраша првото момче?

Извини што ќе те прекинам, рече црнката, ако се силни и паметни, зошто не одат во нивните земји и тамо ги решат сите нивни проблеми, економски, социјални и незнам какви други?

Пријателке, сум повеќе од сигурен, сите амбасадори од земјите членки на ЕУ, испратени кај нас се од Ш категорија. Мислиш дека тие имале можност, кога биле во некоја друга земја, вака да се однесуват, да излегуват пред камери, да ни кажуват што тие мислат, како сме требале да го средиме судството, образованието, дават интервјуа за весниците, тие сега во Македонија се чуствуват важни, затоа мислам тие го повикаа Заев на гости, никако тој нив.

Плавушата, пивна од кафето, со серозно лице запраша: Зарем не мислите дека тие отидоа кај Заев, да го добијат тоа што Заев им вети, не верувам дека тамо се најдоа да ја видат убавата фризура н Заев, што мислите вие?

Има и тоа, секој кој ветил, треба и да испорача. Но се прашувам кој е виновен за таквата состојба? Голем дел од вината е наша, ние сме мала земја која се стреми за влез во НАТО и ЕУ, ако навистина сакат да ни помогнат, тоа можат да го прават на поинаков начин, на демократски начин, не да лобират кој треба да биде претседател на Собранието и кој премиер! Тоа се нарекува болест во демократијата.

Црнката почна гласно да се смее: Длабоко сум убедена дека ни се љубоморни до крајни граници. Која друга земја успеала од 38, невработеноста ја намали на 23 проценти, може да ми кажете?

Имаш право, дел од вината е во странските фактори, многу европски земји сеуште се однесуват како газди, таквите историски аномали произлегуват од пред сто или двеста години кога го владееја половина свет. Како колонијални сили, ги плачкале земјите, земале се што им се допаѓало, дури ги третирале како робови. За среќа, во земјите членки на ЕУ има и силни прогресивни силиури, кои не дозволуват ширење на недемократски принципи. Но ќе речам, голем дел од вината се наоѓа кај нас, посебно кај нас Македонците. Нели гледаме и слушаме колку омраза се шири? Се доведовме во состојба да се однесуваме како толпа од гладни ѕвери, жедни да ги изедат сите кои направија нешто за земјава. Ако е можно, ќе им ја испиеме и крвта, потоа право во зандана, ако остане нешто од нив сме спремни нивните тела ги фрлиме на кучињата, да не остане ништо од нив, да ги снема за век веков. Тоа сме ние!

Во некои медиуми, како печурки по дожд, се јавуват аналитичари, специјалисти од разни области, кои на валкан начин измислуват секакви нови и нови обвинувања за, како што велат тие, луѓето кои ја заробија државата! Видовме камион од десет тони како влегува во фонтаната од плоштадот, некои велат тоа било случајно, други, кои се скептици мислат дека можно е да било намерно, да се уништи фонтаната. Ако со вакво нетрпение продолжиме, нема да ме чуди ако еден ден главата од споменикот на Гоце Делчев ја најдеме во водите на Вардар, ако таа на Даме во некој контејнер. Шарените ја бојадисуваа триумфалната порта Македонија, ги мачкаа телата и лицата на децата бегалци од Егејот. Во една ТВ емисија, еден архитект, замислите архитект, промовира да се вратиле поранешните фасади на градбите кои се оплеменети, демек ова било кич.

Со ваква омраза, воопшто нема да ме чуди ако едно утро од Портата видиме рушевини, остатоци од тоа што преставува наша историска и културна гордост. Море луѓе, се расприкажвавме, спомена плавушата, доста е со муабети, не чека пат. Четворицата млади, станаа од масата, влегоа во нивното возило, тргнаа кон нивниото замислено патување. По кратко време и јас истото го направив.

Top