понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 120 ново

Ракометарите ќе поделат 40.000 евра за пласманот на шампионатот во Хрватска

Македонската ракометна репрезентација ја декласира Чешка со 33-20 и како првопласирана заврши во групата 4 од квалификациите за Европското првенство во Хрватска. Според правилникот на РФМ, играчите ќе добијат премија од 30.000 евра.

Но, Управниот одбор реши наградата да ја зголеми на 40.000 евра, па ракометарите на одмор ќе заминат со полни џебови. Ова е продолжување на континуитетот на македонскиот репрезентативен ракомет, со четвртиот голем настан во низа.

Македонија в петок ќе ги дознае противниците и градот каде што ќе ги игра групните натпревари на Европското првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top