сабота, 21 октомври 2017 | Вести денес: 90 ново

Напаѓачот пред џамијата во Лондон врескал „Ќе ги убијам сите муслимани“

Во социјалните мрежи се појави видео во кое наводниот возач на комбето, кој прегази пешаци до џамијата кај „Финсбери парк“, е приведен од полицијата.

– Ќе ги убијам сите муслимани – викал напаѓачот минути пред да биде совладан на земја од полицијата, според друг сведок.

Кадрите покажуваат и толпа од гневни луѓе, собрани околу него. Се слушаат и извици, бидејќи присутните се обидуваат да разберат што се случило, пишува „Дејли мејл“.

Најмалку десет лица се повредени, а еден убиен откако бело комбе се удри во верници, кои излегуваа по молитва од џамијата кај Финсбери Парк во Лондон. Неофицијално, жртвата е жена.

– Еден постар човек излезе од џамијата, се онесвести, луѓето го чуваа кога комбе едноставно ја зголеми брзината и го прегази додека тој беше уште на земјата. Веќе не е безбедно да се шетате низ градот – изјави 41-годишниот Атикур Архман, кој бил на лице место.

 

Top