петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 81 ново

Македонија примена во Европската федерација за мини-фудбал

Во рамките на Европското првенство во мини-фудбал што деновиве се одржува во Брно, се одржа Конгрес на Европската федерација за мини-фудбал (ЕМФ), организација што го поддржува овој најпопуларен спорт во светот.

Македониската асоцијација, чијшто претседател е Петар Томовски, а потпретседател Игор Дуровски, е примена во ЕМФ, и сега во друштво на триесетина земји-членки на оваа Федерација.

– Мини-фудбалот е тип на фудбал што се разликува во различни градови и земји според вкупниот бројот на играчите и на големината на полето. ЕФМ ги обединува сите. Спорт со најголем потенцијал, може да стане и најголем аматерски спорт, со огромен бизнис-потенцијал – вели Томовски.

Игралиштето е со димензии 50 на 25 метри, играчи во терен 5+1, се игра со обична топка, аут се изведува со рака, овие детали го издвојуваат мини-фудбалот од футсалот.

Овој грасрут-спорт поврзува милиони играчи од сите делови на Европа, преку нивното учество во националните лиги за минифудбал и првенства кои се организирани од страна на локални или национални здруженија. Во моментов има 1.100 регистриран терени од ЕМФ, а повеќе од 18.000 се неофицијални што ги прави убедливо најмногубројни во споредба со кој било друг спорт во светот.

 

Top