сабота, 21 октомври 2017 | Вести денес: 91 ново

Сведоштва за нападот во Лондон: Бев шокиран, луѓето лежеа насекаде околу мене

Едно лице загина, а најмалку 10 се повредени откако комбе влета во верници кои излегуваа од џамија.

Едно лице е уапсено. Сведоците кажуваат дека комбето директно се движело кон луѓето.

-Бев шокиран, шокиран и шокиран. Луѓето лежеа насекаде околу мене. Му благодарам на Бог што се тргнав на страна. Самиот се тргнав. Сите други беа повредени – вели сведок.

Тој додава дека луѓето врескале и биле исплашени.

-Сите викаа: „Комбето удри во луѓето“ – објаснува очевидецот на немилиот настан.

Полицијата соопшти дека имало еден напаѓач, а луѓето тврдат дека биле тројца.

Премиерката Тереза Меј рече дека ова е потенцијален терористички напад.

Top