петок, 18 август 2017 | Вести денес: 50 ново

Амбасадата на Унгарија промовира монографија за прогонетите Унгарци кои нашле засолниште во Крушево

 

Во организација на амбасадата на Унгарија во Скопје, Здржението на унгарците „Теледом“ и Книгоиздателството „Матица македонска“, во мулти­медијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје, денеска (понеделник,19 јуни) во 19 часот ќе биде промовирано монографското издание „По нив остана празнина“,посветено на  прогонетите петстотини и шеесет Унгарци, кои свое засолниште во 1956 година ќе најдат во Крушево.

На страниците од изданието поместени се потресни сведоштва на познати личности кои говорат за многу аспекти од престојот на раселените унгарски семејства, како и за пријателството меѓу Македонците и Чнгарците.

За значењето на монографијата ќе говорат амбасадорот на Унгарија во Република Македонија,д-р Ласло Дукс, како и уредниците на делото Ѓула Шомоѓи, Јожеф Шутуш, Кочо Топузовски и Никола Јовановски.

 

 

Top