понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Ковачиќ се ожени за убавата Изабел: Ѕвездите на Реал и на Интер слушаа српско, Мамиќ се соблече гол

Викендов се ожени хрватскиот репрезентативец од тимот на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ, а како што јавија, свадбата била гламурозна сè додека Балканците на просалавата не се отпуштиле.

Гости имало од редвоите на шпанскиот шампион, левиот бек Марсело и Касимеиро, од поранешниот клуб на Матео, италијанскиот гигант Интер, како и од репрезентацијата на Хрватска.

Церемонијата се одржала близу местото каде што е роден Ковачиќ, Сесветски Села, во предградието на Загреб, во црквата каде што младенците се запознале.

За музиката бил задолжен српскиот пејач Саша Матиќ, а една од песните од негвоиот репертоар особено го погодила поранешниот претседател на Динамо Загреб, контроверзниот Здравко Мамиќ, кој пеејќи се соблекол гол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top