петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 0 ново

Нов терористички напад во Лондон: Со комбе влетал во група верници кои излегувале од џамија (Фото)

Едно лице загина, а 10 други се повредени, кога  маж со комби синоќа по полноќ влета во група верници кои излегувале од џамијата во лондонската населба Фајнсбури Парк, соопшти полицијата.

– Едно лице загина на самото место. Осуммина се хоспотализирани, а на две лица им беше укажана медицинска помош на местото на настанот, се наведува во соопштението на лондонската полиција.

Напаѓачот на возраст од 48 години бил задржан од присутните околу местото на инцидентот, а потоа бил упасен од страна на полицијата и пренесен во болница, со цел да се процени неговата психичка состојба.

Британскиот Совет на муслиманите го окрактерзира инцидентот како „терористички напад врз верници“.

– Од сведоштвата на очевидци очигледно извршителот бил мотивиран од исламофобија, изјави генералниот секретар на Советот, Харун Хан.

Британската премиерка Тереза Меј од своја страна нагласи дека лондонската полиција го разгледува случајот како „можен терористички напад“

Top