петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 81 ново

„Аѕурите“ успеаја да го скршат отпорот на Данска за прва победа на ЕП (видео)

Италија му се приклучи на Германија и со три бода се израмни на првото место во групата Ц на ЕП во Полска за фудбалери до 21 година.

Младите „азури“ вечерва ја совладаа Данска со 2-0 (0-0) и го комплетираа првото коло на континенталниот собир.

Во еден цврст и неизвесен натпревар, фудбалерите на Луиџи Ди Бјаџо креираа шанси во првиот дел и беа поконкретниот ривал, но не успеаја да го отворат резултатот.

Требаше да се случи мешаница за да биде постигнат првиот погодок, а Пелегрини прв стигна на одбиената топка и погоди за 1-0. Конечниот резултат го постави Петања во 86. минута.

Во следното коло Италијанците ќе се сретнат со Чешка, а Данска ќе оди на мегдан кај Германија.

Top