среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Човек попладнево се удави во Охридско езеро, објавени цензурирани снимки (Видео)

Попладнево околу 18 часот во водите на Охридското езеро кај месноста Сараиште се удавило машко лице на возраст од околу 60 години. На местото на несреќата веднаш излегле екипи на СВР Охрид и на јавното обвинителство.

Очевидци велат дека телото најпрво го забележале посетители на плажата.

Информацијата е потврдена од портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски. За сега нема други информации.

Снимките што ги емитуваме се цензурирани во интерес на истрагата која е се уште во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top