петок, 18 август 2017 | Вести денес: 33 ново

Човек се удави во Охридското езеро

Безживотно тело од маж е пронајдено попладнево околу 18 часот во водите на Охридско Езеро во најстрогиот центар на Охрид, на плажата Сараиште. Телото е забележано од капачи на длабочина од околу пет метри, по што веднаш била алармирана полицијата. Информацијата е потврдена и од портпаролот на СВР Охрид. Стефан Димовски. Се вршат дополнители мерки за утврдување на причините за немилиот настан.

Охриднет.мк

Top