петок, 18 август 2017 | Вести денес: 33 ново

Груевски: Планот им е да го ослабнат ВМРО – ДПМНЕ пред локалните избори и пред да го исполнат ветеното пред граѓаните

Во своето обраќање на прославата на 27 години постоење на партијата ВМРО-ДПМНЕ, лидерот Никола Груевски се осврна на повеќе важни прашања за земјата.

Откако ги донесоа на власт, сега наумиле нов план. Пред да го одработат ветеното за кое знаат дека народот жестоко ќе реагира, планот е да го ослабнат ВМРО–ДПМНЕ, особено во пресрет на локалните избори, и второ, партиски да завладеат со судството и со медиумите. Сето ова, за кога ќе дојде време за реализација на она што го превзеле како обврска, ВМРО-ДПМНЕ да е слаба и поделена, судството да ги гони нејзините челници, а медиумите да играат како што СДСМ ќе им свири. Тргнаа на ѓон, и на ѓон еден ден, не така далеку од сега ќе завршат. Да, сега ќе ги галат, ќе им исполнуваат желби, ќе ги величаат, ќе ги преставуваат тоа што не се. Нас исто така ќе не преставуваат тоа што не сме, ама во негативна смисла, за разлика од нив, рече Груевски.

Top