понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Бијонсе стана мајка на близнаци

Познатата американска пејачка Бијонсе роди близнаци, јавија светски медиуми.

Засега не се познати имињата на децата и полот, а нема потврда за вест ниту од претставници на пејачката.

Списанието „Пипл“ објави дека пејачката и нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи се пресреќни и веќе почнале да им ја кажуваат веста на своите роднини и најблиски пријатели. Тие веќе ја имаат пет годишната ќерка Блу Ајви.

Во февруари Бијонсе објави фотографија на Инстаграм” на која се гледаше дека е бремена. Тогаш таа соопшти дека очекува близнаци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top