сабота, 21 октомври 2017 | Вести денес: 90 ново

Џенифер Лопез и Алекс Родригез уживаа на Француската ривиера (Фото)

Музичката Ѕвезда Џенифер Лопез и поранешниот супер стар на Јенките уживаа на одмор во Франција , следени од
толпи папраци .

По серијата фотографии од Париз, најмногу внимание привлекоа сликите на јахта , фотографирани на Антиб, на француската ривиера. Најголемо внимание привлекоа фотографиите на Џеј Ло во костим за капење додека го масира А­ Род , а тој си игра со мобилниот телефон .

Славната двојка на почетокот на неделата од Мајами отпатува во Ница заедно со нивниот менаџер , неколку пријатели и телохранители.

Потоа беа видени во Монако на обиколка на казината, за денот да го завршат на неколкучасовна вечера во Езе. По обиколката со јахта на сите значајни места на Ривиерата, Лопез и Родригез имаа време и за часови по јога во Сен Тропе.

Top