среда, 28 јуни 2017 | Вести денес: 79 ново

Груевски: Никому сега не му пречи што нема избаласираност во медиумското известување

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски синоќа во своето обраќање по повод прославата на 27-годишнината од ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека СДС иако постојано тврдат дека сакаат медиумите да ги критикуваат, тие почнаа да сеат страв врз најгледаните медиуми во државата, токму врз оние за кои јавно изјавуваа дека им се непријатели.

– Со суптилни закани, со СЈО, со втерување страв, со секојдневни казни на советот за радиодифузија. На најгледаните 4-5 телевизии, нема речиси ниту еден критички прилог за новата власт откако е избрана, а од 10 активности дневно на ВМРО-ДПМНЕ едвај поминува еден или два, и тоа кратко и исплашено. 80 осто од прилозите се афирмација на новата власт која „само што не го донела животот во Македонија“. И најважно, тоа никому сега не му пречи. Сега нема проблем со избалансирано известување, се е идеално, и веројатно на сите оние листи за слобода на медиумите Македонија наскоро ќе има раст со метеорска брзина. Не било за фер известување, туку за известување како што сакаат тие, додаде Груевски.

Top