среда, 28 јуни 2017 | Вести денес: 79 ново

Груевски: Се пењават без срам и сечат ленти на фабрики кои ние ги донесовме!

Ако во 2003-тата година наследив заринкан брод, и заедно со Вас, успеавме за 2 до 3 години да го направиме машина за реформи, машина за напредок и победи, која на европско и светско ниво беше запазена како топ реформатор во многу области, денес, се е различно. Ако тогаш тргнавме поразени со поддршка од само 8 осто, а СДСМ дури 31 осто поддршка, денес е тоа многу поинаку и подобро за нас, кога станува збор за довербата. Јаловите напори криминалците од СДСМ нас сосила да не прикажуваат криминалци, јаловите напори со нереализирани, амбициозни, а без капацитет луѓе да не, јас би рекол ДЕформираат, нема да им успејат, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во синоќешното обраќање по повод роденденот на партијата.

Додаде дека на проектите и инвестициите кои тие ги донеле, сега без срам сечат ленти…

-Се пењават без срам и сечат ленти на фабрики кои ние ги донесовме и во наше време се се заврши. За нови, за нови ќе почекаме Самка, Рамиз Мерко и Шапурич ќе донеле.

Ние освен што донесовме преку 100  компании кои веќе инвестираа низ Македонија, други триесетина компании ги донесовме во финиш на потпишување на договор, но со Рамиз Мерко, Самка и Шапурич, не знам дали некои од нив нема да ја смени одлуката, подвлече Груевски.

 

Top