петок, 20 октомври 2017 | Вести денес: 111 ново

Груевски: Некои кога ќе дојдат на власт мислат дека од нив се почнува

Во своето обраќање на прославата на 27 години постоење на партијата ВМРО-ДПМНЕ, лидерот Никола Груевски се осврна на повеќе важни прашања за земјата.

Некои луѓе кога доаѓаат на власт се однесуваат како да ништо не постоело пред нив, како да ништо добро не се случило пред нив, како да светот и државата од нив почнуваат, и како да вечно ќе владеат и ќе прават се што сакаат, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во синоќешното обраќање.

-Дека можат секому да му наштетат и за тоа еден ден да не сносат одговорност, и веднаш добиваат нагон да владеат не само со она што им налага функцијата, колку и да не ја добиле заслужено и по нормален пат од изразената народна волја, туку да владеат со се, вклучувајќи ги и владеењето со медиумите и судството, но и слободоумниот свет. При тоа веруваат дека сите тие чекори, злоупотреби, хајки, лаги, интриги, подметнувања, замајувања, целиот тој налет и наплив на незрелост ќе им помине лесно кај народот, опозицијата и кај сите останати. Дека ќе успеат да го продадат како волја на народот, одлука која произлегува од некоја јавна, и се разбира наместена дебата итн. Уште пак ако моментално имаат некоја меѓународна поддршка заради одредени ветувања кои ги дале кон надвор, и ако се доволно незрели да веруваат дека сето тоа вечно ќе трае, тогаш имате краток опис на новата вештачки насадена влада во Македонија, која иако излезе поразена од изборите, прифаќајќи да одработи тоа што ние не го прифаќавме, ете ви опис за овие нашиве нови донесени властодршци. Сето ова е карактеристика на незрели индивидуи, неискусни политичари и луѓе без визија, кои ги води омразата кон нас, а верувам ќе се согласите, особено кон мене како водач на партијата во 10 последователни победи, цели 11 години, рече Груевски.

Top