петок, 23 јуни 2017 | Вести денес: 68 ново

Холивуд во тага: Почина голема ѕвезда

Почина Џон Ејвилдсен, американскиот режисер на култините филмови „Роки“ и „Карате кид“. Оваа вест ја потврдил неговиот син Антони.

„ Ејвилдсен почина од рак на простата на 81 годишна возраст во болница во Лос Анџелес“, ијзвил Антони. Американскиот режисер Џон Ејвилдсен, во 1977 година освои Оскар за режирање на филмот „Роки“, со младиот Силвестер Сталоне, кој ја играше улогата на сиромашен боксер.

„Мислам дека Роки на луѓето им даде надеж, а нема подобро чувство од тоа“, изјави тогаш Ејвилдсен. Тој оствари добар успех и со филмот „Карате кид“.

„Сигурен сум дека наскоро ќе режираш во рајот. Ти благодарам“ изјавил Сталоне.

Top