вторник, 27 јуни 2017 | Вести денес: 0 ново

Давид Бабунски: Без разлика на резултатот, не разочаравме според играта на теренот

Давид Бабунски одигра одличен натпревар на средината од теренот, но капитенот на нашата репрезентација по мечот не го криеше разочарувањето од убедливиот пораз. Потенцирајќи дека разликата не е реална со оглед на случувањата на теренот, младиот плејмејкер посочи дека е многу важно што поскоро да се отстранат грешките направени на денешниот натпревар, за да не се повторат на следниот дуел со Србија.

– Разочарани сме поради резултатот бидејќи не е соодветен за случувањата на теренот, особено за првото полувреме во кое имавме и посед над топката и игравме одлично и создававме шанси. Она што ја направи разликата денеска беше индивидуалниот квалитет, кој дефинитивно е на страната на Шпанците. Ние останавме доследни на својот стил на игра, со висок пресинг уште на противничката половина, но не беше лесно да се игра на таков начин против ривал како Шпанија. Без оглед на резултатот, имаме бројни позитивни работи од оваа средба, но треба и од утре да почнеме да работиме на отстранување на грешките, пред следните средби од овој шампионат – истакна Бабунски.

Top