четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 96 ново

Маж ми чекаше пред врата, бајач ме лекуваше со секс – исповед на измамена жена

Млада жена, поради семејни и здравствени проблеми му се обратила на Зоран Т, наречен Триша Видовитиот, и поради тоа животот и се претворил во пекол. Бајачот не само што сексуално ја злоставувал, туку и го уништил бракот и семејството и денеска едвај може да оди. Таа моли некој да го спречи овој видовит да продолжи да ја работи неговата сомнителна пракса.

-Работи преку фотографии, со хипноза, ме присилуваше во бесвесна состојба да се соблекувам, ми го ставаше половиот орган во анусот и во уста. Ми ги допираше градите, додека мојот маж и синот стоеја пред куќата, зошто поединечно не воведуваше во собата- напиша таа и додава дека многу се срамела поради тоа што се случило.

-Останавме без пари, не можам да одам по улица, ми го уништи бракот и сите не направи будали. Во нашата куќа внесе многу зло и од тогаш не ни оди како што треба. И денеска врши притисок врз мојот ум и моето тело. Правам неконтролирани работи. Семејството ми го уништи и не знаеме што ни се случува- сведочи оваа жена, која е убедена дека исцелителот влијае врз неа и е главен виновник на нејзината состојба.

Ги предупредува сите дека видовитиот се рекламира како човек кој може да предвидува и симнува магија дури и преку фотографии. Верувам дека еден ден Бог ќе му плати за сите свои зла, а се надевам дека ќе заврши во полиција, пишува очајната жена.

Бајачот кој кај оваа жена магијата ја симнувал со секс, за жал не е единствен кој на овој начин злоставувал наивни. Пред 6 години кај Ваљево лажен бајач заврши на суд, зошто тврдел дека отстранува магија, со т.н. бањање во “магична вода”. Имено тој клиентките голи ги бањал во леген, а на една и рекол дека нејзината магија е толку тешка што мора да ја преземе на себе и тоа со секс со неа. Жената се согласила на тоа, па одела на 3 третмани кои вклучувале секс, му платила 500 евра и му дала и златен ѓердан.

Top