среда, 28 јуни 2017 | Вести денес: 79 ново

Ако планирате секс, овие 15 работи подалеку од устата

Храната може да влијае на нашиот сексуален нагон во позитивна, но и во негативна смисла. Британската нутриционистка Елоиз Боскис во интервју за „Дејли меил“ предупредува дека пред секс мора да се внимава на тоа што го јадеме.

– Свежата храна, овошјето и зеленчукот ќе ви помогнат во подигнувањето на енергијата и расположението за љубов- вели Боскис.

Некои намирници, пак, делуваат како антиафродизијак, а доколку планирате акција вечерва, овие јадења треба да ги избегнете.

1. Сладок корен
Добар за настинки и имунитет, како и за будење на сексуалната желба кај жените, но оваа лековита билка докажано го намалува нивото на тестостерон кај мажите, па повеќе смета отколку што помага за секс.

2. Сирење
Го убива либидото бидејќи желудникот тешко го вари, што важи за сите млечни производи.

3. Грав
Можеби ја зголемува енергијата, но за гасовите нема потреба да ви кажеме. Обавезно избегнување.

4. Чоколадо
Освен она чоколадо со најмалку 70 проценти какао, кое го стимулира ослободувањето на хормонот на среќата, се останато само ќе ви пречи во сексот.

5. Хот-дог
Секоја преработена храна не прави тромави, а содржината на виршлите, пак, може да ги запуши артериите во половите органи.

6. Пеперминт
Иако често посегнуваме по него пред секс за посвежт здив, ментолот го намалува тестостеронот.

7. Тоник
Тоникот содржи кинин, кој повторно, влијае штетно врз тестостеронот.

8. Помфрит
Уште една преработена храна која што има висок гликемиски индекс, што значи декапредизвикува тешкотии во варењето и гадење, посебно ако е пржен во неколкупати искористено масло.

9. Црвено месо
Кај повеќето црвеното месо предизвикува проблеми со варењето и прави да се чувствувате летаргични.

10. Тофу
Содржи фитоестрогени кои го снижуваат нивото на тестостерон. Не се препорачува.

11. Конзервирана храна
Конзервирана храна има ниска хранлива вредност и не дава енергија. Не е добра за вашата виталност, и сигурно не е ни за вашиот сексуален живот.

12. Црвено вино
Се што е над една чаша, само ќе ве успие.

13. Овес
Иако е исклучително здрав, може да предизвика гасови.

14. Енергетски пијалоци
На почетокот ќе ви ја подигне енергијата, но од вештачките засладувачи и бои подоцна ќе се чувствувате лошо.

15. Брокула
Добра за простатата и за хормоналната рамнотежа, па се препорачува често конзумирање, но не и кога планирате романтична вечер, бидејќи предизвикува многу гасови.

За крај, Боскис препорачува дека ако сакате да го подобрите вашиот сексуален живот, не заборавајте да го намалите внесувањето на сол, глутен и на транс-масните киселини, а јадете што повеќе босилек, ѓумбир, чили-пиперки и лук, зачини кои го зголемуваат производството на допамин. Уживајте!

Top