понеделник, 25 септември 2017 | Вести денес: 82 ново

Македонија ја преслуша и Албанија за прво место во групата

Македонската одбојкарска репрезентација ја забележа втората победа во групната фаза во Европската лига, овојпат совладувајќи ја селекцијата на Албанија. Во соседскиот дуел нашите одбојкари повторно славеа со идентичен резултат како и против Азербејџан, со 3-0 во сетови (25-21, 25-16, 25-22).

Неизвесноста од првиот сет не беше пренесена во продолжението, па одбојкарите на Македонија беа најубедливи во вториот сет кога го освоија со 9 поени разлика, во кој во еден момент имаа и двоцифрена предност. Албанската репрезентација најголем отпор пружи во третиот сет, имаше и водство по првиот технички тајмаут, но „Спартанците“ беа фокусирани до крајот и ја извршија задачата максимално.

Со оваа победа Македонија е на првото место во групата А со шест бода, пред Шведска со три, Албанија со два и Азербејџан со еден бод. Шведска со триумфот над Азербејџан се искачи на втората позиција со три бода, додека Албанија еден помалку. Нашите одбојкари утре во 19.30 часот во рамките од третото коло ќе се сретнат со репрезентацијата на Шведска.

Top