четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 97 ново

Непријатен резултат од Полска, Македонија губи со 3-0 по првото полувреме (видео)

Младата репрезентација на Македонија до 21 година во овие моменти во Гдиња го има огненото крштевање за Европското првенство во Полска против гигантот Шпанија.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски одлично се спротивставуваат на 270 милиони евра вредната „црвена фурија“ имаат повеќе од играта на средината на теренот, но младите момчиња на Селадес со два еврогола и еден пенал водат по првите 45 минути со 3-0.

Најпрвин буквално по првиот напад на Шпанија, 40 милиони скапиот Саул Нигез играчот на Атлетико Мадрид со ножички во 10 минута го матираше немоќниот Алексовски.

По само шест минути игра откако нашата репрезентација не успеа да реализира две идеални шанси за израмнување, играчот на Реал Мадрид со еврогол од повеќе од 20 метри успеа да го погоди горниот лев агол од голот на Македонија и да ја зголеми предноста на 2-0.

До крајот на полувремето, по едно играње со рака на Бејтолаи во казнетиот простор Делуфеу рутински го изведе казнетиот удар и да ја донесе својата репрезентација до 3-0.

За оние што не го гледаат натпреварот ќе речат дека Македонија е топовско месо на најголемиот фаворит за титулата на ова Европско првенство, но ситуацијата на теренот воопшто не е таква. Бабунски, Барди, Радевски и другарите воопшто не се надиграни во поле од врсниците од Шпанија.

Top